Ревијата започна со девојка со очила која носеше долга кадифена сукња и кратко палто во милитаристички стил, продолжи со женствени фустани кои пленеа со женственост и деликатен спој на проѕирни материјали, цветни дезени и кадифе, за да заврши со елегантни тоалети кои повеќе отскриваа отколку што покриваа, а сепак беа полни со префинетост и класа.Сите присутни на ревијата на Прада со нетрпение очекуваа да видат што ќе им понуди познатата дизајнерка, бидејќи таа секоја сезона ги диктира трендовите. 62-годишната креаторка ги изненади со палта и туники со висок струк, панталони со должина до над глуждовите, фустани и сукњи облечени над панталони, црни, но и шарени креации со геометриски принт. Обувките беа приказна за себе. Поткачени на рамна платформа некои од нив беа во машки стил, а некои во стил „Мери Џејн“.Томас Мајер претстави елегантна колекција во која секоја креација ја истакнуваше женската силуета. Фустаните беа кроени блиску до телото на манекенките и секој од нив изгледаше практично и носливо.
Винтиџ луксуз од 40-тите години на минатиот век помешан со модерна привлечност го дефинираше правецот во кој Мајер ја развиваше колекцијата за да на крајот да добие громогласни аплаузи.




ne se ubavi zenite
ReplyDelete