Thursday, April 5, 2012

Њујорк, како и секогаш, е првата дестинација на модните дизајнери при презентирањето на новите колекции. Њујоршката недела на модата заврши вчера и додека вниманието на модниот свет се насочува кон Лондон, време е да проследиме што се случуваше на модните писти во Њујорк.Каролина Ерера го започна шоуто со некарактеристични темни дневни креации, пред да се префрли на волуменозни и развеани здолништа какви што можеме да видиме само на црвениот тепих.
Познатата дизајнерка уште еднаш верно го следеше својот модернизиран дамски стил зачинет со многу префинетост и женственост.Стилот од 60-тите ја постави основата на колекцијата на Гвен Стефани, но познатата пејачка го надгради со модернизиран пристап и рок елементи.
Интересни младешки комбинации со тесни панталони и мини здолништа го открија и влијанието на милитаристичкиот стил во колекцијата на Стефани.Кина беше главната инспирација за младиот дизајнер кој обработи три различни идеи – воена Кина (јакни во милитаристички стил), кинеските династии (раскошните блескави извезени детали по фустаните) и холивудска верзија на Кина (елегантните богати вечерни тоалети).
Џејсон Ву одлучи да ја истакне женската силуета и на модниот подиум испрати палта со колани кои ја истакнуваат половината и фустани кои преку илузија најдобро ги оцртуваат облините на женствената фигура. Со користење на тантела и крзно, 29-годишниот дизајнер ги потцрта сексапилноста и флертувачкиот дух кои отсекогаш ги негувал.Марк Џејкобс донесе на сцената волуменозни елементи кои посетуваа на бајките, а беа инспирирани од модните ексцентрични дами Ана и Лин Јегер.
Може да се каже дека секоја претставена комбинација беше кокофонија од текстури, бои и принтови.Златната колекција на Маркеса со холивудскиот гламур ја пленеше публиката. Претставувајќи тоалети кои изгледаа како да се излезени од шоу на високата мода, дизајнерското дуо сочинето од Џорџина Чепмен и Керен Крег безгласно ги повика ѕвездите од црвениот тепих да си изберат барем по еден аутфит.
Силуетите на тоалетите до одредена мера потсетуваа на силуетите на Александар МекКвин, а тешко беше да не се забележат деликатните барок елементи кои се провлекуваа низ секоја креација.
Ралф ЛоренРалф ЛоренМаркеса

DKNY

Во Милано дизајнерите покажаа мрачни креации и ретко можеа да се видат пастелните бои со кои се карактеризираа пролетните колекции. Големите модни имиња како Армани, Версаче, Кавали и Прада ги поставија основите за трендовите за сезоната есен/зима 2012. Фрида Џанини на пистата го донесе романтизмот, но го прилагоди на модерното време. Мрачна и романтична, гламурозна и носталгична. Како и креациите, така и шминката и фризурата ја потенцираат темната страна на креативноста на Џанини.
Ревијата започна со девојка со очила која носеше долга кадифена сукња и кратко палто во милитаристички стил, продолжи со женствени фустани кои пленеа со женственост и деликатен спој на проѕирни материјали, цветни дезени и кадифе, за да заврши со елегантни тоалети кои повеќе отскриваа отколку што покриваа, а сепак беа полни со префинетост и класа.Сите присутни на ревијата на Прада со нетрпение очекуваа да видат што ќе им понуди познатата дизајнерка, бидејќи таа секоја сезона ги диктира трендовите. 62-годишната креаторка ги изненади со палта и туники со висок струк, панталони со должина до над глуждовите, фустани и сукњи облечени над панталони, црни, но и шарени креации со геометриски принт. Обувките беа приказна за себе. Поткачени на рамна платформа некои од нив беа во машки стил, а некои во стил „Мери Џејн“.Томас Мајер претстави елегантна колекција во која секоја креација ја истакнуваше женската силуета. Фустаните беа кроени блиску до телото на манекенките и секој од нив изгледаше практично и носливо.
Винтиџ луксуз од 40-тите години на минатиот век помешан со модерна привлечност го дефинираше правецот во кој Мајер ја развиваше колекцијата за да на крајот да добие громогласни аплаузи.
Ботега ВенетаЖил СандерЖил СандерЏорџо Армани